170
Русија е загрижена за актуелниот конфликт во Персискиот Залив и повикува на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток, соопшти денес Министерството за надворешни работи на Русија.
„Повикуваме на итен прекин на непријателствата што се резултат на неиспровоцираната агресија на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран“, се вели во соопштението на руското министерство.
Се додава дека „Москва постојано работи на создавање услови за мир, безбедност и добрососедски односи со пријателските арапски земји и Иран“.