Седум лица, меѓу кои и деца, беа убиени денес во израелските воздушни напади во јужен Либан.
Едно лице беше убиено во напад врз куќа во јужното село Кфар Сир рано утрово.
Друг напад се случи откако болничари од Исламското здравствено друштво, здравствената гранка на Хезболах, пристигнаа на местото на настанот, при што загинаа двајца болничари и беше повредено едно лице, објавува либанскиот портал Нахарнет.
Министерството за здравство на Либан подоцна објави дека четиричлено семејство, меѓу кои и две деца, е убиено во нападот врз јужниот град Ал-Кантара.
Израелските напади ја продлабочија хуманитарната криза во Либан, со повеќе од 850 мртви и над 850.000 раселени.
Во саботата, во напад на израелските сили загинаа 12 лекари, болничари и медицински сестри кои работеа во здравствен центар во градот Бурџ Калавеј.