Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ГНИЛИОТ СИСТЕМ НЕ ПОКАЖА НИТУ ГРАМ СОЧУВСТВО!
Една година непробол по децата од Кочани. Помина една година откако овој град се зави во црнина, која ќе ја носи довека. Бидејќи 63 жртви не се само број. Тоа се наши деца, чии соништа останаа недовршени.
ИНТЕРВЈУ | ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
Челникот на социјалдемократите одговара на серија обвинувања што кон него и неговите соработници доаѓаат од редовите на власта. Но, и на прашања кои подолг период наназад се од домен на интересирање во јавноста.
СВЕДОШТВО ЗА ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО
Податоците од институциите покажуваат дека проблемот со насилството врз жените во Македонија е далеку од решен. Мила, жртва на семејно насилство и мајка на две малолетни деца, реши за „Фокус“ да ги раскаже траумите од 17-годишниот брак, на кој се обидува речиси цела година да му стави крај на бракот.
СОМНИТЕЛЕН СУДСКИ СЛУЧАЈ
Тешки обвинувања за незаконско постапување во граѓанскиот суд. За недоспеан долг од 467 илјади евра и без вештачење за материјална штета од 1,1 милиони евра, судот ѝ замрзна на компанија 1,5 милиони евра!
„УЛОВЕН“ ПЕЦАКОВ
Еден н од најубавите македонски градови, кој брои повеќе од 42.000 жители, редовно се соочува со обвинувања за урбана мафија, дивоградби, кои никнуваат како печурки, партиски вработувања…
ИРАН
Дали проценката на Трамп дека војната ќе заврши „многу наскоро“ е реална.Постојат неколку фактори што укажуваат дека конфликтот би можел релативно бргу да се смири, но постојат и фактори што можат да доведат до продолжување на конфликтот.
ТЕСНО ГРЛО
Како што енергијата што е во нафтата мора да патува по море за да стигне до крајните корисници, така и емотивната енергија што е содржана во идеолошките желби на обичните луѓе мора да помине низ некоја партија за да биде реализирана во пракса.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
На виделина избиле слабостите на платеничките војски, кога Французите се пожалиле дека се слабо платени и го напуштиле бојното поле, а Швајцарците се кренале на бунт.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во ваква ситуација, прашањето не е дали државата може да ја биде, туку зошто го одбива тоа? Одговорот е јасен: поради синдромот „колективна рационализација“!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Лидерите на политичките партии не ги интересираат граѓаните со нивните секојдневни животни проблеми, интереси и соништа, туку (и единствено) власта и само власта со сите привилегии.
Ана ПАНОВСКА
Нашата жена го претвори празникот Осми март во ден за оддишка и откаченост, запоседнувајќи ги кафеаните и славејќи ја, во една свадбарско−гезмеџиска атмосфера, „борбата“ на жената за „освојување“ на кафеаните.