Спринтерското внесување на Украина во Унијата би требало да биде „тригер“ за решавање на европските интеграции за земјите-кандидати, а кои со години (некои и со децении) се во чекалницата на ЕУ и не се придвижуваат или тоа го прават со брзина на полжав.
Затоа, во Брисел и во другите европски центри веќе се дебатира – каков модел на членство да се изнајде – што ќе ги претвори земјите-кандидатки во членки, а во исто време нема да биде одбиен од актуелните.
Тирана и Белград, барем според најавите што доаѓаат оттаму, ја прифаќаат идејата за т.н. „второстепено“ членство во големиот европски блок на држави.
Во заеднички потпишана колумна за највлијателниот германски политички весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ му понудија на Брисел необичен договор: да им се даде пристап до единствениот пазар и Шенген, а во замена тие да не бараат право на вето.
Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров смета дека Европа е сега притисната да подготви понуда за Украина, но и за другите земји-аспиранти, која мора да биде ургентна, а притоа треба да се смират страстите во земјите-членки, пред сè, Франција, но и Холандија и Германија, кои се столбови на Унијата и кои примарно бараат внатрешно реорганизирање пред да се оди во следната фаза од проширувањето.
И, неговиот колега – некогашен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, се согласува дека ваквата понуда – доколку дојде на маса би била „вин-вин“ ситуација за сите засегнати – и земјите-членки и земјите-кандидатки.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК