Захарова: Загреб, Тирана и Приштина влегуваат во фаза на формирање воен блок

by irena 14:53
14:53

Загреб, Тирана и Приштина влегуваат во практичната фаза на формирање под регионален воен блок, што подразбира зајакнување на воениот потенцијал, заедничко купување оружје и развој на воената индустрија, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова.

„Ќе ве потсетам дека пред една година, Загреб, Тирана и Приштина склучија договор за воена соработка во областа на безбедноста. Во тој период беше одобрен обемен комплекс мерки за формирање на под регионален воен блок, а сега доаѓа практичната фаза“ – рече Захарова, како што објави Спутник.

Според неа, основната насока на таа соработка вклучува зајакнување на воениот потенцијал и развој на одбранбената индустрија.

Слични вести