Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес одржа прес-конференција за американско-израелскиот напад врз Иран, со порака дека „Америка победува“.
„Само четири дена сме во ова, метриките се менуваат, прашината се слегнува и засилувањата пристигнуваат“, рече Хегсет.
„Сè уште е многу рано и, како што рече претседателот Трамп, ќе одвоиме сето време што ни е потребно за да се осигураме дека ќе успееме. Тие се готови и го знаат тоа – или ќе го знаат многу наскоро“ рече тој.
„Само што почнавме да ги ловиме, демонтираме, деморализираме, уништуваме и поразуваме нивните способности“, рече Хегсет.
„Почнувајќи од синоќа, а ќе биде завршено за неколку дена – за помалку од една недела – двете најмоќни воздухопловни сили во светот ќе имаат целосна контрола врз небото на Иран. САД и Израел“ – рече тој.
Хегсет потврди дека американска подморница потопила ирански воен брод за кој рече дека „мислел дека е безбеден во меѓународни води“.
„Ова е првото потонување на непријателски брод со торпедо од Втората светска војна“, додаде тој.
Хегсет, исто така, рече дека американските сили „го лоцирале и убиле водачот на единицата што се обидела да го убие Доналд Трамп“.
„Исто така, вчера, водачот на единицата што се обидела да го убие претседателот Трамп беше лоциран и убиен“, рече тој.
„Иран се обиде да го убие претседателот Трамп. И претседателот Трамп на крајот излезе како победник“, додаде Хегсет.