Трамвај удри во зграда во Милано, едно лице загина

by vlatko 19:55
19:55

Најмалку едно лице загина, а 39 други се повредени, во голема трамвајска несреќа во Милано, која се случила кога трамвај излетал од шините на Виа Виторио Венето во северниот дел од градот, јавува Би-Би-Си.

Според првичните извештаи, преполн трамвај удрил во страната на зграда. Се верува дека починатиот е пешак, додека повеќето од повредените се патници во возилото.

Бројни служби за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а има и извештаи за луѓе заробени во урнатините. Службениците за цивилна заштита поставиле шатор за да им пружат помош на повредените.

Слични вести