203
Пратеникот Димитар Апасиев сподели информација дека нема исплатено породилно за месец февруари.
– ПОРОДИЛНО за мајките нема исплатено цел февруари! Дали сме банкрот, дали се неспособни, дали и двете? – тоа да си ја прашате министерката.
Иначе, ПОРОДИЛНО НЕМА. А вие слободно раѓајте бебиња. – напиша Апасиев.
Доцни исплатата на пари за жените кои се на породилно отсуство за месец јануари. Денеска е последен ден од месецот кога Фондот за здравство (ФЗО) може да префрли пари, но тоа не се случило со дел од корисниците.