83-годишна кумановка се спасила од серискиот убиец – додека ја давел, успеала да го измами со повик до синот за помош

by irena 09:56
09:56

Жителите на кумановскиот регион повторно загрижени за безбедноста во руралните средини и навремената реакција на институциите. Во фокусот е случајот со 83-годишната Слободанка Арсовска од Куманово, која тврди дека пред шест месеци преживеала тежок напад во својата викендичка. Според нејзиното сведоштво, инцидентот се случил на 22 јули минатата година околу еден часот по полноќ, кога осомничениот Т.Б. (25) од селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, влегол во објектот преку прозорец од купатило, откако претходно ја отстранил заштитната мрежа, објави Kumanovo News.

Иако, како што вели, го познавала од порано бидејќи често се движел низ селото, не очекувала дека ќе биде нападната. Во изјавата раскажува дека била фатена за врат и турната на земја, по што напаѓачот се обидел да ја задуши. Во моментот успеала да го измами со повик до синот за помош, по што тој побегнал. Од ударот изгубила свест и утредента контактирала со семејството.

Нејзината ќерка тврди дека пријавувањето во полиција било проследено со одредени тешкотии поради тогашни настани и затворени патишта во регионот. По интервенцијата, Слободанка била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани повреди.

Семејството посочува дека подоцна пријавиле и дополнителни инциденти, вклучително и оштетување на имотот, и изразуваат загриженост дека навремена институционална реакција можела да спречи потешки последици во други случаи во регионот.

Слични вести