Котор цел под вода, поплави во Црна Гора

by irena 09:46
09:46

Моќен циклон од Јадранското Море, кој донесе обилни врнежи од дожд го поплави црногорскиот брег.

Најкритично е во Котор, каде што центарот на градот е целосно под вода.

Бројни згради се поплавени, сообраќајот е многу отежнат, а нивото на водата на улиците е речиси на еден метар.

Екстремно високото ниво на морето предизвикано од продолжените лоши временски услови и нискиот атмосферски притисок во јужниот Јадран, предизвика поплавување на најниските делови од брегот на Црна Гора.

Слични вести