Алармантна е состојбата со поплавите во Кичево, општината бара помош од Армијата и приватни компании

by valentina 12:45
12:45

Поради настанатата кризна состојба предизвикана од поплавите, Општина Кичево ги има преземено сите максимални мерки и сите расположливи капацитети се целосно ставени во функција на терен, информираат од Општина Кичево.

-Во насока на побрзо и поефикасно справување со состојбата, побарана е дополнителна помош од Министерството за одбрана и Министерството за животна средина.

Дополнително, ангажирани се сите приватни компании кои располагаат со тешка механизација, со цел да се вклучат во интервенциите и расчистувањето на критичните точки.

Упатуваме апел за смиреност, трпение и соработка до граѓаните. Се преземаат максимални напори за да се надмине оваа кризна ситуација и да се обезбеди навремена помош и безбедност за сите засегнати.

Општина Кичево ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за развојот на состојбата, велат од Општината.

Слични вести