Заработија кривична пријава двајцата браќа кои се од ромската националност, а кои пред неколку дена јавно се закануваа со убиства и немири доколку полиција се обиде да ги легитимира или да им одземе возило, заради непочитување на законските прописи.
Претседателот на независниот синдикат на полицијата, Мартин Еферов, на социјалните мрежи информираше за поднесената кривична пријава.
„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. „Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано…“, објави тој.
Инаку, еден од тужените, Рафет Мемишовски, вчера во видео изјава се извинува за завчерашните закани што ги изрече на протестот во Битола.
Вели дека бил изнервиран оти на братучед му му ја земале колата и порача дека никогаш повеќе такви закани нема да се повторат.