„5 тони дрога завршила во соседна Србија преку Македонија, косопственик од македонска фрима е меѓу уапсените, а власта молчи за овој картелски скандал. Нема одговор кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога“, порачаа утрово од СДСМ откако вчера беше објавена информацијата дека запленетата марихуана на 29 јануари во Србија била набавена на територијата на Македонија.
Оттаму истакнуваат и дека нема одговори ниту за, како што велат, сликите на премиерот Христијан Мицкоски со криминалецот познат како Симе, уапсен во друг случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари.
„Со секој нов ден власта на ВМРО тоне сѐ подлабоко во скандали, криминал и корупција. Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра. А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзвуваат крај со крај“, порачаа од СДСМ.