Пијан возач со 2,48 промили удрил во возило на кејот во Охрид, приведен од полицијата

by irena 13:05
13:05

Полициски службеници од СВР Охрид на 31 јануари 2026 година, во 02:55 часот, го лишиле од слобода Л.С. (52) од Охрид, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување моторно возило“ по член 297 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, на пресекот на кејот „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, Л.С., управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „голф“, исто така со охридски регистарски таблици, кое го управувала Г.А. (22) од Охрид.

По извршеното алкотестирање, полициските службеници кај Л.С. констатирале 2,48 промили алкохол во крвта, по што веднаш му биле одземени возачките документи и бил исклучен од сообраќај.

Слични вести