Во политиката, оние што не сакаат да дадат ништо, на крајот губат сѐ

by bogdan 15:57
15:57

Дарежливоста на моќните и богатите им служи и како еден вид сигнал дека се навистина моќни и богати, па затоа е бадијала да се напаѓаат.

На пример, ако некој човек, кој за себе тврди дека е милионер, даде сто денари донација за некоја хуманитарна акција, ама баш никој нема да верува дека тој навистина е милионер. Ама ако даде неколку илјади евра без око да му трепне, никој нема да се сомнева во тоа дека е богаташ.

Слично, власта, која, не сто дена, а бе и цела година пред избори е спремна да ја дели контролата врз некои министерства со опозицијата, со тоа покажува дека нема страв и дека е спремна да си го мери рејтингот, оти е убедена дека има голема популарност.

Ако, пак, некоја владејачка партија не дава ни ден заедничка контрола врз грст ресори, тоа е јасен доказ дека таа е преплашена и следствено опозицијата тоа може да го искористи како аргумент за да ги охрабри силно сопствените активисти.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК