Зошто 4 години нема нов урбанистички план за „ШИК Јелак“, каде што „бетонска џунгла“ требаше да гради контроверзниот бизнисмен Дака, кому на грб му се става шверц со оружје, цигари и нафта?!

by bogdan 12:56
12:56

Од Беса потврдија дека луксузното „бе-ем-ве“, со кое партискиот лидер и тетовски градоначалник Биљал Касами се појави на лидерската средба во Клубот на пратениците, е во сопственост на негов роднина, но не го открија неговиот идентитет.

Како што неофицијално дознаваме, станува збор за бизнисменот Ракип Алии, вујко на Касами и сопственик на „Мурана Компани“, која во последните години бележи раст во работата. Според проверките што ги извршивме, компанијата соработувала со Општина Желино, чиј градоначалник Блерим Сејдиу доаѓа од Беса на Касами.

Покрај тоа, дојдовме до информација дека фирмата на роднината на тетовскиот градоначалник се јавува и како донатор на Општина Тетово, и тоа заедно со друштвото што ја изработува урбанистичката документација за просторот кај некогашниот гигант „ШИК Јелак“, каде што голем дел од земјиштето го поседува контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака, кој е на „црната листа“ на САД.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК