Трамп се закани со нови царини за земјите што се против САД за Гренланд

by vlatko 20:37
20:37

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.

-Би можел да воведам царини за земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност – рече Трамп.

Тој повторуваше дека САД „апсолутно“ мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која островот формално ѝ припаѓа.

Слични вести