Во изминативе три и пол децении, големите политички партии демонстрираа „способност“ да ја менуваат диоптријата и позицијата зависно од тоа дали се на власт или се во опозиција. Од таа гледна точка, ништо ново не се различни гледиштата и ставовите на едни исти партии околу потребата за техничка влада според пржински модел за спроведување парламентарни избори.
Ако ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да остане техничка влада како опозиција, сега, од позиција на власт, најавува дека ќе ја отвори темата за нејзино укинување.
Сепак, СДСМ се спротивстави на тоа сега како опозиција, иако, за волја на вистината, како владејачка партија даваше сигнали дека пржинската влада е беспредметна.
Оттука, секој го гледа прашањето за потребата од техничка влада од партиски аспект, односно колку тоа ќе ги заштити нивните партиски интереси наместо колку тоа е целисходно за зајакнување на довербата во изборниот процес, како и за спречување на евентуални злоупотреби на државните институции и на јавните ресурси.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК