Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

by jadranka 11:17
11:17

Францускиот информативен канал „БФМ ТВ“ (BFM TV) објави снимка преземена од социјалната мрежа Икс, која го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот во ноќниот клуб во Кран-Монтана.

На снимката се гледаат кренати шишиња со шампањ опремени со пиротехнички свеќи, чии искри го палат акустичниот сунѓер на таванот.
Францускиот информативен канал „БФМ ТВ“ (BFM TV) објави снимка која го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот во ноќниот клуб во Кран-Монтана.

На снимката може да се видат кренати шишиња со шампањ опремени со пиротехнички свеќи, чии искри го запалуваат акустичниот сунѓер на таванот.

https://x.com/i/status/2006926711468994697

Швајцарскиот медиум „Блик“ (Blick) исто така објави видео, снимено неколку секунди подоцна, кое ја демонстрира брзината со која се ширел огнот.

Додека од таванот паѓале бројни искри, присутните гости ја снимале сцената, првично не покажувајќи сериозна загриженост. На снимката се гледа и неуспешен обид на едно лице да го изгасне пламенот со дел од облека

Слични вести