192
На Клиниката за токсикологија во текот на новогодишната ноќ примени се вкупно 31 пациент од кои најмладиот пациент има 14 години.
Доктор Нико Беќаровски денеска во изјава за медиумите информираше дека се работи за 14-годишна пациентка.
Од вкупниот број примени пациенти, 13 биле малолетни.
Најстарата пациентка примена на Клиниката за време на новогодишната ноќ имала 44 години.
Поголем е бројот на пациенти од машки пол, односно 21 од пациентите биле машки, а 10 женски.
Сите пациенти се пуштени на домашно лекување.