Сѐ додека граѓаните дозволуваат да бидат насанкани, за политичарите ќе нема зима

by bogdan 12:32
12:32

Може да се каже дека некои работи во природата, но и во политиката се неизбежни. Зимно време, на стрмните падини, кога-тогаш ќе се случи лавина.

Во партиите, и на власт и во опозиција, кога-тогаш ќе има внатрепартиски превирања.

Добриот менаџер на зимско одмаралиште знае дека е мудро самиот да ја предизвика лавината со цел да се случи во контролирани и безбедни услови, а така некако и добриот партиски менаџер треба да предизвика самиот политичка лавина во редовите на својата партија, со цел штетата да биде што е можно помала, оти лавината се случува во контролирани услови.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК