Државните институции креваат раменици и си играат пинг-понг со пријавите за беззаконие и корупција околу охридскиот хотел на Мијалкови!

by bogdan 10:49
10:49

„Фокус“, неколкупати годинава ја обработуваше темата за изградба на хотел во Охрид од страна „Дивелоп груп“, каде што содружник е семејна фирма на Сашо Мијалков.

Прво пишувавме како се спасувал овој објект, така што обелоденивме дека Општина Охрид и инвеститорот потпишале 2 анекс-договори, со кои фирмата платила казни и камати од половина милион евра, но добила продолжен рок за изградба на хотелот.

Воедно, пишувавме и за позицијата на локалната самоуправа дека со законски измени се избегнала обврската за студија/елаборат за животна средина.

Потоа, ставивме акцент на наводите на невладината „Фронт 21-42“, според кои градежната дозвола е ништовна, бидејќи е издадена без претходно спроведена оцена на влијанието врз животната средина.

Понатаму, детално ја обработивме пријавата до повеќе државни органи, каде што се оспорува и урбанистичкиот план, со тврдење дека тој не е во согласност со Планот и со Законот за управување со светското наследство во охридскиот регион.

Во меѓувреме, обезбедивме дополнителна документација, која покажува дека граѓанскиот сектор полека, но сигурно ја губи правната битка за поништување на проектот.

Имено, ДКСК одбива да постапува со образложение дека ЈО веќе оценило дека во случајов „нема место за јавно-обвинителска интервенција“, додека Управниот суд воопшто не ги разгледува наводите за беззаконие и корупција, со образложение дека тужителот немал „непосреден личен интерес“.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК