Екс градоначалникот на Сопиште – нов директор на „Дрисла“, со „Градски паркинг“ ќе раководи кадар на ДС

by irena 14:37
14:37

Довчерашниот градоначалник на општина Сопиште – Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов директор на ЈП „Дрисла“, соопштија од Град Скопје.

Од таму го назначија и новиот директор на ЈП „Градски паркинг“. Се работи за кадар на Демократскиот сојуз (коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ), партијата предводена од Павле Трајанов.

За директор е избран Владимир Кроневски, досегашен директор на „Службен Весник“.

Трпковски доаѓа на местото на Самир Хусени, а Кроневски на местото на Мартин Гаврилски.

Слични вести