Во новата истрага за ,,Пулс” уапсени се вкупно 11 лица, повеќето вработени во УЈП

by valentina 11:45
11:45

Во денешната акција на кочанското обвинителатво и МВР, покрај Дарган Паунов, уапсени се уште десет лица, од кои повеќети се вработени во УЈП.

Акцијата се однесува на посебната истрагата на обвинителството за работењето на кочанската дискотека ,,Пулс”.

Дел од лицата се гонат за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, до фалисификување исправи.

Од МВР повеќе детали за акцијата најавија за подоцна.

-Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, ни одговорија од МВР.

Слични вести