Актуелниот кормилар на скопски Вардар, прилепчанецот Гоце Седлоски е сериозен кандидат за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација откако се поизвесно е дека завршува мандатот на Благоја Милевски кој на оваа позиција е од 2021 година.
Неофицијалните информации се дека Милевски нема да добие нов договор од страна на раководството на ФФМ, па сега се поставува прашањето на кого ќе му падне обврската да ја води Македонија на баражот во март?
Утре во Цирих ќе се знае противникот – Италија, Турција, Данска или Украина.
Спортските портали во земјава веќе лиферуваа две имиња како кандидати за нов селектор на Македонија.
Домашното решение е Гоце Седлоски, некогашен капитен на селекцијата на Македонија.
Меѓународен предлог е Хрватот – Славен Билиќ кој беше успешен селектор на „коцкестите“, а работеше и во Премиерлигата.