Родителите и роднините на загинатите во трагедијата во Кочани побараа од Собранието да закаже надзорна расправа за да се утврди пред јавноста одговорност за пожарот во дискотеката Пулс.
Ова е главната пораката на родителите на загинатите деца на Маршот за ангелите, протестен марш кој денеска почна во Скопје во сеќавање на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката Пулс.
Настанот започна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, по што учесниците се упатија кон парламентот, а маршот заврши пред Основниот кривичен суд.
На маршот се присутни околу 4.000 граѓани најмногу досега.
Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, ова беше првиот ваков марш во главниот град, после 30 собири што секоја сабота родителите на загинатите ги организираа во Кочани, поддршката од јавноста беше се помала и беа оставени сами на себе.
Родителите изразуваат надеж за масовно учество и нагласуваат дека нивната борба нема да престане сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата што ги одзеде животите на нивните деца.
Судењето за случајот со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени ќе почне на 19 ноември.
Според обвинението, 34 физички и 3 правни лица се обвинети за тешки кривични дела против јавната безбедност. Судењето ќе го води тим од околу 15 обвинители, објави државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Орце Костов