Најмалку шест лица во САД починаа, а 25 се хоспитализирани поради појава на бактеријата листерија поврзана со одредени јадења со тестенини, според соопштението на американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC).
Според податоците собрани од службениците за јавно здравје, вклучувајќи ја и Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) и Службата за безбедност и инспекција на храната при Министерството за земјоделство на САД (USDA-FSIS), вкупно 27 лица се заразени со сојот листерија, кој е пријавен во 18 држави.
Листерија, според CDC, е „бактерија што може да контаминира храна“. Оние кои консумираат контаминирана храна почнуваат да чувствуваат симптоми уште истиот ден или дури 10 недели подоцна.
Од 26-те случаи за кои имало достапни информации, 25 биле хоспитализирани, а шест смртни случаи биле пријавени во државите Хаваи, Илиноис, Мичиген, Орегон, Тексас и Јута.