Шесткатница се урна во Турција – седум лица се под урнатините

by irena 12:17
12:17

Шестокатница се урна во градот Коџаели, лоциран недалеку од Истанбул.

Според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините.

Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција.

Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз.

Причината за уривањето сè уште не е позната, спасувачките екипи се на терен.

Слични вести