Касами: Мојата изјава за Кичево беше погрешно протолкувана

by irena 22:23
22:23

Билал Касами – лидерот на Движењето БЕСА кое е дел од коалицијата ВРЕДИ денеска изјави дека неговата изјава за Кичево била погрешно протолкувана.

„Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана. Треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој беше дадена изјавата, како и околностите во кои потоа беше пренесена. Со тоа целосно се извади од нејзината првична идеја“ – рече Касами.

Оваа изјава на Касами доаѓа по неговата средба со премиерот Мицкоски.

„Понекогаш кога ги реализираме стратешките цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ. И поднесовме жртва. Не беше лесно. Многу ми беше тешко кога ги гледав нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, Струга, Чаир и Дебар. И за тоа плативме цена. За тоа има жртва“ – рече Мицкоски.

Денеска Касами, кој во недела ќе се бори за вториот мандат градоначалник на Тетово рече дека во неговиот прв мандат работел за сите граѓани на Тетово, без оглед на нивната етничка припадност.

„Јас сум градоначалник на сите граѓани на Тетово. Ја побарав довербата од Албанците, Македонците, Турците, Ромите и на сите мои сограѓани и работев за доброто на секој од нив“ – изјави Касами.

Слични вести