За Мециновиќ решението за чисто Скопје е политичка волја, за Ѓорѓиевски ветувањето од „72 часа“ е реално и остварливо

by irena 21:02
21:02

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, вечерва упати серија критики за актуелното управување со градот и за, како што рече, „кампањското чистење“ на Скопје.

За состојбата со јавната хигиена, Мециновиќ рече дека решението за чисто Скопје е политичка волја, а не префрлање вина врз граѓаните.

-Загадувања, муабети домаќинства – доста е. Треба да се прекине да се посочува прстот кон домаќинствата, кон сиромашните, рече тој.

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо.

Тој ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да го дадат својот гласа за него, бидејќи како што кажа на Скопје веќе не му се потребни експерименти туку работа.

– Јас стојам зад тоа што сум го ветил дека градот може за 72 часа да биде чист, убеден сум дека 117 камиони има, а само 17 се исправни, 46 има метлачки и камиони за перење на улици, а само 6 се исправни, имам добар план и визија како ќе го направам тоа, рече Ѓорѓиевски во дебатата со кандидатот за градоначалник на Левица Амар Мециновиќ.

Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.

– Одговорно тврдам со општествено одговорни компании со помош на нашите колеги не само во Скопје, туку надвор од Скопје, добро ќе биде исчистен градот не само на микролокациите туку секаде, и конечно исто така после долги години за прв пат ќе ги испереме улиците, рече Ѓорѓиевски.

Слични вести