Мицкоски: Хаким Рамадани направи голема грешка, себичен е и им штети на другите кандидати на ВЛЕН

by irena 15:16
15:16

Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница, Хаким Рамадани, според премиерот Мицкоски направил голема грешка што повикува на етничко гласање, односно повика на обединување на Албанците од ДУИ и ВЛЕН за Брвеница да стане „албанска општина“.

„Јас со жалење го слушав сето она што против кандидатот на Јовица го кажуваше во една егзалтирана состојба, не знам дали беше тоа специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка. Направи голема грешка пред се за кандидатите, од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Струга, во Дебар и во одредени други општини, така што толку себичен потег од политичар до сега поновата историја Македонија не видела.

Да влегува и мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати кои исто така се борат во вториот круг за градоначалнички мандат навистина со жалење. Исто така изминатите денови со влијателни претставници на меѓународната заедница зборувавме многу сериозно бидејќи тоа стигнало и до нив така што и тие гледаат со големо жалење и просто со неверување тоа што го слушаат, дека некој во 21 век може да користи таков речник“ кажа Мицкоски.

Според Мицкоски Рамадани бил себичен, мислел само на себе и со тоа им нанел штета на други кандидати за градоначалници од ВЛЕН.

Мицкоски истакна дека разговарал и со претставници на меѓународната заедница кои биле негативно изненадени од ваквиот однос на Рамадани.

Мицкоски рече дека откако Рамадани ќе ги изгуби изборите ќе биде разрешен од позицијата која ја извршува во овој момент, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Слични вести