Ердоган: Турција е клучен играч, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не

by irena 18:36
18:36

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека „ниту една политичка или безбедносна равенка, од Сирија до Газа и од Персискиот Залив до конфликтот меѓу Русија и Украина, не може да се реши без учество на Турција“.

Зборувајќи на завршната сесија од состанокот „Состаноци на векот на Турција“ во Истанбул, Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција станала „почитувана и регионално и глобално како земја што извезува мир и стабилност“, пренесува агенцијата Анадолу.

Тој рече дека долгорочната цел на Турција е да обезбеди единство и безбедност на нацијата преку придонес кон регионалниот мир.

– Со наша заедничка волја, прво ќе изградиме Турција без терор, а потоа и регион без терор – рече турскиот претседател и повтори дека ќе продолжи да води политика заснована на стабилност, соработка и мир.

Слични вести