Власта ги расипува луѓето, па ако сакаш некого да расипеш, дај му власт

by bogdan 16:50
16:50

Оние гласачи кои и самите се чувствуваат дискриминирани, замолчувани и игнорирани од страна на системот, природно ќе бидат привлечени да го дадат својот глас за оние партии и политичари за кои ќе стекнат впечаток дека се жртви на дискриминација, замолчување и игнорирање од страна на политичката елита.

Затоа, цензурирањето е најчесто контрапродуктивно. Наместо замолкнување, подобра стратегија е да им се даде претерано внимание, со цел брзо да ѝ здодеат на публиката.

За забранетото овошје се вели дека е најслатко, дури и кога е, всушност, кисело или горчливо. Тоа што е забрането му дава подобар вкус.

Па, како да се намали атрактивноста на некое овошје? Просто, наместо да се забранува, треба да се дели гратис за да го проба секој и да сфати каков е неговиот вистински вкус.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК