Разликата помеѓу „ресет“ и „риплеј“ е што кога се стиска на копчето за ресет, постои надеж дека нештата ќе може да се почнат од ново и ако се направат поинакви одлуки, тие ќе завршат на поинаков начин, како во видеоигра, додека со притискањето на копчето за риплеј, песната или видеоклипот, пак, ќе се повтори во иста форма.
Секои избори кај нас се прикажуваат како можност за ресет на целиот систем, ама реално, најчесто по нив следува само риплеј.
Постои и опција за ремикс, кога некоја песна звучи слично на нејзината првобитна форма, ама сега со нови инструменти се свират истите ноти, со нови пејачи се пејат истите стихови, или со нов ритам по кој ќе се танцува се дава освежување на стариот добро познат хит.
Во политиката, ремикс е кога во власта, еден коалициски партнер бидува заменет со друг или еден сектор од една партија преминува во рацете на друга партија, и иако тоа изгледа во почетокот освежено, музиката, т.е. корупцијата е горе-долу иста.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК