Со воинствена реторика, ниски удари и закани, обвинувања за заткулисни коалиции, почна изборната кампања за претстојните локални избори по кои ќе стане јасно во кој правец ќе тргне регрупирањето во албанскиот блок, односно дали ВЛЕН ќе влезе во фаза на раслојување или, пак, ќе почне обратен процес, кој би кулминирал со распад на коалицијата на ДУИ, потреси во самата партија, па дури и пензионирање на Ахмети.
Она што е очигледно, тој повторно отвора директен фронт со Мицкоски, што претставува продолжение од кампањата за ланските избори, кога оваа конфронтација предизвика етничка мобилизација и ги максимизираше изборните резултати на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но на крај голем губитник испадна ДУИ, од причина што ВМРО формираше влада со ВЛЕН.
Имено, неспорен факт е ДУИ тогаш сакаше да ги обнови мостовите на соработка со ВМРО-ДПМНЕ, што не го кријат ниту од самата партија и нивните партнери, од каде што велат дека имале доверба и обврска од Албанците да ги претставуваат, независно што би морале да владеат со партијата, која јавно ја нарекуваат антиалбанска и антиевропска.
Но, кога ваквиот обид на ДУИ не успеа, сега се обидуваат да го поправат нарушениот имиџ со тврдења дека ВМРО се тие што сакаат соработка и за таа цел им праќаат емисари, бидејќи ВЛЕН се во слободен пад.
Всушност, ДУИ се обидува да постигне што подобар изборен резултат во однос на ВЛЕН, кој Мицкоски нема да може да го игнорира, па ќе го промени албанскиот партнер.
Арно ама, анкетите не навестуваат дека ДУИ убедливо ќе го порази ВЛЕН, а Мицкоски постојано уверува дека во никој случај нема да има вонредни избори.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК