Од тоа што Македонија наводно станала мета на хибридни напади од странски центри на моќ, од една страна треба да сме загрижени, оти сме нели мета на моќни сили.
Од друга страна, треба да се радуваме, оти ова е доказ дека ние не сме толку небитни колку што си мислиме, штом ете, некои професионални креатори на проблеми седнале да испланираат акции и стратегии за да ни наштетат и плус потрошиле ресурси за да ангажираат луѓе и опрема за да ги изведат тие хибридни напади.
Што не се жали Сан Марино или Андора на хибридни напади?
Што ќе се жалат, кој има потреба нив да ги напаѓа?
Што му вреди на Монако што има море, сонце, песок и казина во кои се коцкаат милијардери и актери од светскиот џет-сет, кога нема хибридни напади врз таа мала државичка?
Какви држави се мета на хибридни напади? Америка, Велика Британија, Франција, Македонија.
Па, ако се земе во какво друштво нѐ ставаат тие, и да немаше хибридни напади врз нас, требаше да измислиме дека има.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК