Со „буџетче“ од 225 евра по жител, скопјани ќе се трујат и понатаму!

by bogdan 12:55
12:55

За петтата најдобра економија, како што тврдат од Владата, буџетот е навистина оскуден, посебно ако се спореди со буџетите на главните градови во регионот со неколку критериуми, како број на жители.

Анализата на „Фокус“ покажа дека македонскиот главен град има премал буџет, дури и за тековно работење, а не, пак, за вложување во капитални инвестиции, како што се набавки на нови автобуси, пречистителни станици, брз автобуски превоз или справување со отпадот, кој деновиве предизвика еколошка катастрофа и го загрози здравјето на граѓаните.

Буџетот на Скопје има вредност малку поголема од регионалниот центар за управување со отпад во Љубљана, со кој главниот град на Словенија наскоро ќе стане првиот европски град без отпад.

Пишува
Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК