Програмите за санкции на САД се насочени кон корумпирани актери и ги разбиваат криминалните мрежи што ги загрозуваат интересите на САД, вклучувајќи ја регионалната стабилност и безбедност, велат за „Фокус“ од амбасадата на САД, порачувајќи дека исклучително сериозно ги сфаќаат „напорите за поткопување или заобиколување на санкциите“.
Инаку, повеќе институции имаат свои листи што содржат различни казни, така што македонски државјани и субјекти се негативно означени од страна на Стејт департментот и Министерството за финансии на САД.
На т.н. црни листи на овие органи успеавме да утврдиме 38 македонски државјани, 6 компании поврзани со дел од нив, како и една паравоена организација.
Врз основа на проверките што ги извршивме, може да се констатира дека досегашното обележување од страна на Вашингтон дефинитивно има влијание врз политичките кариери и аспирации, но тоа не ги намалува бизнис интересите и апетити на означените лица, кои секогаш наоѓаат начин да го зачуваат бизнисот, па дури и да го надградат и прошират.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК