Ангелов: Непријатниот мирис доаѓа од депонијата Дрисла

by irena 21:23
21:23

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, истакна директорот Стојанче Ангелов.

“И вечерва, но и во текот продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла. Активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро.

За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, за што дополнително ќе информирам утре претпладне”, истакна Ангелов.

Слични вести