1562

by bogdan 19:44
19:44

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НЕ СМЕ ГЛУПИ!
На премиерот треба да му биде јасно дека некои од нас сè уште имаат добра меморија и не сме го заборавиле „Ало, началниче“ на Сашо Мијалков, кој до толку беше „страшен“ и моќен, што гласот за првпат му го слушнавме во таа фамозна 2015 година.

ЕКС ПРАТЕНИК ,,ИЗБИ” НА ПАЗАРОТ ЗА СТРУЈА
Поволностите за отпочнување бизнис со фотоволтаици ќе ги искористи и бизнисменот Ивица Георгиевски-Фреди, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен функционер во партијата и екс директор на Агенцијата за млади и спорт во периодот од 2006 до 2008 година.

ЦРНИ ЛИСТИ
Американските „црни листи“ запечатија политички кариери, но не ги намалија бизнис апетитите – семејните империи на „корумпираните актери“ се прошируваат и надградуваат! На овие листи успеавме да утврдиме 38 македонски државјани, 6 компании поврзани со дел од нив, како и една паравоена организација.

ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА
И покрај законски обезбедените квоти за родова еднаквост, жените и понатаму остануваат маргинализирани во решавачките позиции во македонската политика. Формално ги има, но суштинската моќ речиси секогаш останува во машки раце.

ПИРАМИДАЛНИ ШЕМИ
Значи што е партијата, освен комбинација на агенција за вработување, биро за посредување при конкурирање на тендери и правен консалтинг, посилен и од најдобрите адвокати зашто гарантирано нема да отиде во затвор функционерот што ги користи нејзините услуги.

НОВИ ИЗБОРИ, СТАРИ ПРОБЛЕМИ
Локалните избори се речиси тука, но низ улиците на Скопје, тоа не прави некоја посебна разлика. Ѓубрето, наместо двапати неделно, во одредени населби се собира едвај еднаш на десет дена, загадениот воздух од Вардариште повторно се засили и сред лето, а јавниот превоз е веројатно во најлошата состојба досега.

НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА
Ако сте прашале некој во 1991 години, дали независна Македонија еден ден ќе слави 34 години, веројатно добро би се изнасмеал. Согласно Лисабонската декларација, ние не требало воопшто да добиеме право на независност, а камоли да го одржуваме истото толку децении.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Командата од страна на Грција, Mакедонија да го смени името на државата, името на нацијата и името на јазикот е знак на сериозно непочитување на цела една нација. Тоа е команда што не можат да ја разберат либералните умови на двете страни од границата.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Репрезентативни политикантски егземплари се пратениците во Собранието, кои немаат право да размислуваат со сопствените. Но, без конкуренција, народот рајатински е најголемиот политикант, издресиран да се снаоѓа со послушност, молчење и со одобрување.

Ана ПАНОВСКА
„Вековниот сон“ за самостојна и независна држава сега се претвори во кошмар. Македонија место самостојна остана сама, изолирана и осамена, а место независна стана сиромашна, голтарска земја.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако малку повнимателно се погледнат работите, ќе се види дека актуелната позиција на ЕУ во однос на светската композиција на моќта не е на завидно рамниште. ЕУ самата себеси се стави во стратешки геополитички, геоекономски и воен процеп.