1561

by bogdan 19:53
19:53

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗАСТАРУВА ,,ТАЛИР 2”
Цели шест години трае судењето за случајот „Талир 2“, отворен уште во времето на СЈО. Остана уште една година за џа или бу, односно да се види дали владејачката партија освен моќта, ќе си го врати на сигурно и богатството од 17 милиони евра замрзнат имот.

ИНТЕРВЈУ ,,СУПОРТ КОЧАНИ”
,,Супорт Кочани“ се појави како иницијатива веднаш по трагедијата во Кочани и за само неколку дена успеа да се организира и собере финансиски средства за првична помош за повредените и нивните семејства. За предизвиците на оваа организација разговаравме со Иван Ивановски.

СКАНДАЛОТ ,,ОНКОЛОГИЈА”
,,Фокус“ ексклузивно дојде до обвинението за несовесно лекување на болните од карцином, распослано на повеќе од 30 страници, каде што во детали се опишува кој пациент, како бил лекуван, со кои терапии, како биле дозирани и колку од нив починале.

ИЗБОРНИ ТРОФЕИ
Ако победа во Кичево е изборниот трофеј што го посакува ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, тогаш за СДСМ тоа дефинитивно е Куманово. Што се однесува до албанскиот блок, најважна ќе биде битката во Чаир, каде има директен судир меѓу ДУИ и ВЛЕН на највисоко ниво.

КАКО СЕ МЕНАЏИРАШЕ ТЕТОВО
Првиот човек на партијата БЕСА, Касами, им се „заблагодарил“ на одредени донатори на партијата со доделување општински пари преку јавни набавки, а некои биле и на платен список во општината, односно вработени како хонорарни соработници.

ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО
И покрај законските обврски и меѓународните конвенции, институционалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство во Македонија останува недоволна. Во периодот од 2020 до 2023 година, во земјава се евидентирани вкупно 6.282 нови жртви на семејно насилство.

КИНА ГИ СОБРА ЛИДЕРИТЕ
Од самитот на Шангајската организација за соработка е испратена јасна порака за економско спротивставување на новите американски царини како форма на притисок. Иако тоа не стои во официјалните документи, сликата што ја испратија Кси, Путин и Моди е повеќе од јасна.

БЕНЕФИТИ ОД ЛОШО РАЗБРАНИТЕ ВЕСТИ
Оној политичар што мисли дека е доволно само да си каже искрено што му лежи на душата, а народот сам ќе го разбере, е достоен за почит, ама не е добар за политичар зашто ќе пропадне бргу во политичката битка.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Добив неколку телефонски честитки на среќни, но и по малку разочарани луѓе што сум јас во Скопје, а не во Њујорк. Јас, пак, сочувствував со нив, но бев убеден дека постапив исправно, што ќе рече во согласност со мојата совест.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ако е за утеха, со децении на Мафијадонија ништо не ѝ се крева: ниту курназлукот и чаламот, ниту себапот и честа, стандардот и културата па ич, платите и пензиите дибидус, а за наталитетот думи да не се арчат!

Ана ПАНОВСКА
Ако вистински бара гаранција, ВМРО-ДПМНЕ мора да ги отвори картите со ЕУ и решително да побара вистинска валидна ГАРАНЦИЈА од Европејците, во форма, да речеме, од најмалку 5 милијарди евра што ЕУ ќе ги депонира во Народна банка на Македонија.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Од она што може да се насети од проектирањето на секој годишен буџет, станува препознатливо дека граѓаните на Македонија за сервисирање на старите долгови и каматите за нив годишно плаќаат од осумстотини милиони до милијарда евра.