Разликата меѓу партиска листа и листата на група избирачи е како разлика меѓу брак и врска за една ноќ

by bogdan 15:02
15:02

Кога гласачите имаат пред себе кандидат што доаѓа од некоја партија, што им кажува тоа за него?

Дека како што е подготвен да попушти кога партијата го бара тоа од него, така можеби ќе биде подготвен да попушта и пред барањата на гласачите кога тие ќе бараат нешто од него, кога тој ќе биде на јавна функција, каде што ќе треба да исполнува барања на граѓаните.

Кандидатот што е толку независен, што ниту една партија не сака со него да си има работа, што им кажува со тоа на граѓаните?

Дека како што тера инает пред партиските барања оти е цврсто застанат на своите принципи, така утре ќе тера инает и пред нив, оти нивните барања може да се косат со неговите принципи.

Во теорија, сите сакаат јавниот функционер да биде принципиелен. Во пракса, секој се надева да „не го тупи“ многу функционерот кога ќе му се побара услуга и да биде подготвен да „искочи у сусрет, онака људски“ што би се рекло.

Како и во бракот, кога пред други луѓе може да се правиш важен, ама дома, пред жена ти и децата не, оти те знаат што сорта си.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК