Кога беше отворен во 2015 година, хотелот „Ибис“ беше промовиран како инвестиција вредна 6 милиони евра. Овој хотел во строгиот центар на Скопје е во сопственост на компанија основана во 2012 година, која смени повеќе називи – „Евро Балкан хотелс“, „Хотел Ибис“ , „ЕК-ОР“, „Орка хотел“ и последно „Муфрима хотел“, а во нејзината сопственичка структура поминале повеќе субјекти, главно поврзани со семејството Камчеви.
Но, во 2019 година, единствениот сопственик на друштвото што го поседува „Ибис“ станува „Орка холдинг“, која ланската 2024 година одлучува да го продаде хотелот на „Муфрима инвестмент“ со седиште во Дубаи за 5 милиони евра.
По оваа промена, управител на македонското друштво станува Сашо Толески, кој воедно е заведен и како вистински сопственик од 2024 година, откако претходно во тоа својство е запишана Ратка Куноска-Камчева, мајка на Орце Камчев.
Во документите доставени до македонските органи, Толески е фигурира како агент за недвижности со адреса на живеење во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, додека како негов работодавец е запишана „Ројалхоум“, компанија за недвижности од Дубаи, која Толески го опишува како „виш консултант за недвижности“.
Арно ама, за кратко време, на негово место, нов управител на скопската „Муфрима хотел“ („Ибис“) станува Роберт Џонески, чие име може да се сретне и како поранешен управител на „Архи- „Панорама Резиденс“, исто така своевремено во сопственост на Камчеви, која во одреден период била и газда на „Ибис“.
Всушност, тоа го прави Џонески линк меѓу поранешното сопствеништво на Камчеви врз „Ибис“ и новото сопствеништво од Дубаи, кое официјално се води на име на „Муфрима“, т.е. на Толески. Зошто Камчеви одлучиле под овие услови да го продадат атрактивниот хотел, една година откако се најдоа на „црната листа“ на САД?
Дали Толески настапува како бизнисмен и инвеститор во Македонија преку „Муфрима“, или, пак, е ангажиран во друга улога? Доколку промената на сопственоста не е реална, туку формална, тогаш која е целта?
„Фокус“ подолг период ја истражува оваа купопродажба, па до какви сознанија дојдовме од документацијата со која располагаме?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК