Демократската партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ, на локалните избори ќе настапи самостојно

by irena 20:09
20:09

Демократската партија на Турците на Македонија, која е дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од опозициската ДУИ, и официјално ја напушта коалицијата и на престојните локални избори ќе настапи самостојно, информираа од партијата.

Одлуката, како што информираат од таму, била донесена од Централниот управен одбор и Централното собрание на партијата.

Партијата ќе има сопствени кандидати за советници и кандидати за градоначалници во општините каде што живее претежно популација од турската заедница.

Органите на партијата донеле и одлука за излегување од “Европскиот фронт“.

Слични вести