Откако требаше да минат цели 2 децении за да се спроведе нов попис на населението по оној фамозниот во повоената 2002 година, сега се најавува можност веќе следната 2026 да се спроведе вонреден попис, кој би се одржал само 5 години по последниот од 2021 година.
Имено, власта најави можност за спроведување нередовен попис откако Уставниот суд укина делови од методологијата, која овозможи, покрај попишувањето на луѓе што најмалку една година престојувале во земјава, да се евидентираат и нерезиденти, односно наши иселеници во странство, што предизвика конфузија и различни интерпретации на пописните резултати, зависно од етничкиот диоптер.
Но, за разлика од претходните теренски пописи, сега се навестува спроведување на електронски или дигитален попис, по пат на вкрстување на постоечките бази на податоци. Сепак, тоа предизвика разни забелешки од страна на опозицијата, поради што веќе во старт се компромитира целата идеја и се дискредитираат потенцијалните пописни резултати.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК