Лошите работи се случуваат тогаш кога добрите луѓе ќе престанат да се трудат

by vlatko 00:00
00:00

Дали некој тоа нас плански и систематски ни мести политичари што упорно нѐ крадат и се неспособни? Ма, јок! Никаков план и стратегија нема потреба кој било да реализира со цел во политичкиот живот на власт да дојдат кретени и мангупи.

Тие сами ќе си дојдат без кој било да ги турка и мести, само ако чесните и пристојни луѓе кренат раце од политиката и решат да не се интересираат за неа.

Многу често сакаме да видиме и во политиката и во војните некаков доброорганизиран таен заговор, дека за сѐ што е лошо некој скриен центар на моќ креирал мрачно сценарио и влечел конци од зад кулисите за тоа да се случи. Ама обратно е.

За да се случат лошите работи, доволно е добрите луѓе да не прават ништо, и тие работи самите ќе се случат. За да се случуваат добри работи, треба добрите луѓе постојано да се на штрек, да внимаваат и да се трудат.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК