Дали со благослов на ВМРО-ДПМНЕ процветал бизнисот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“?!

by vlatko 00:00
00:00

Според нашите информации, Нацев редовно го користел името на партијата ВМРО-ДПМНЕ, за да може вртоглаво да го тера бизнисот со обезбедувањето, а доста работа имал и во североисточниот регион, со оглед на тоа што потекнува од малото гратче Пробиштип, па својата бизнис-стратегија ја развил и таму.

Тој, под закрила на вмровците, самоиницијативно или со нивна помош мошне бргу се „разработил“, па експресно соработките продолжиле и во Скопје. Вистинскиот сопственик на „Рубикон“ не седел мирен.

Тој, своите пипала ги пуштил и во Струмица, Штип и во Кочани, а имал желба неговата компанија да почне со работа и во рудникот „Булмак“, во неговиот роден град, но во последен момент го изиграле, па бизнисот го презела друга агенција за обезбедување. „Фокус“ провери во кои сѐ градови харала оваа фирма, со кои соработувале и што сѐ покривале во регионот од каде што доаѓа поранешниот функционер на ДПМНЕ.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК