Минатиот четврток, претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ одржа предавање пред студентите на Универзитетот во Копривница, зборувајќи за глобалните предизвици и современиот политички контекст, осврнувајќи се на улогата на НАТО, Европската Унија и војната во Украина.
Претседателот на Хрватска, исто така, изјави дека проширувањето на Европската Унија е во застој, велејќи дека е прашање дали тоа воопшто ќе продолжи.
–Никој повеќе нема да влезе во ЕУ, можеби дури ни Црна Гора. Државите се измамени со лажни ветувања за членство со цел да се извлечат одредени отстапки од нив, рече Милановиќ.
Тој додаде дека од одредени земји се очекува да ја прилагодат својата надворешна политика на интересите на Западот, особено кога станува збор за конфронтација со Русија.
Пишува
Дејан АЗЕСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК