Трнлив пат до автопат, „писта“ имаме само пред патарините

by vlatko 00:00
00:00

И покрај значителните буџетски средства и годишни програми за одржување, состојбата на патиштата во Македонија останува загрижувачка, со сè поочигледен јаз меѓу институционалните планови и реалната слика на терен.

Постојат делници каде што асфалтот личи на лошо залепен тепих, закрпен толку многу што веќе нема што да се закрпи.

Има и делници, кои со години се „во изградба“, но таа изградба не личи ни на чекање, туку на целосно одложување, придружено со тишина од надлежните и повремена лента што ја сече некој министер, како да се отвора тунел под Алпите, а не нова дупка во буџетот.

Најстрашно е што ова не е вест. За граѓаните, лошите патишта претставуваат само една нормална појава, меѓутоа за државата изгледа само статистика.

Пишува
Сара ТАНАСКОСКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК