Ако најдобро се учи од грешките, тогаш тие што мислат дека се безгрешни се најнеуки

by vlatko 00:00
00:00

Големите сили постојано водат мали војни за да имаат каде да ги тестираат во пракса своите нови оружја и тактики. За ако мора да водат голема војна, да знаат што од арсеналот им ќе функционира, а што не, па да не ги повторуваат истите грешки. Во светот на политиката, големите сили се големите партии.

Ним им требаат мали политички „војни“ за да проверат кои идеи и каква реторика дава резултати, а кои идеи и каква реторика наидува на жесток отпор и разорен критицизам, па кога ќе дојде време за голема војна, т.е. избори, да не прават грешки што скапо ќе ги чинат.

На некои квизови на знаење, кога натпреварувачот нема доволно знаење од некоја тема, му се дава шанса да повика пријател, кој може да му помогне. Во војните и во политиката, многу често таква „помош“, во вид на одржана лекција, доаѓа ако се повика непријателот.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК